Висина на субвенциите за 2021 година за одгледување на свињи (женски приплодни грла-маторици, уматичени грла-маторици и одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети)

Вести Сточарство

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат женски приплодни грла-маторици и поседуваат минимум две грла маторици и истите ќе ги чуваат најмалку до 31.10.2021 година

Мерка 2.11: Директни плаќања за женски приплодни грла-маторици

Висината на директните плаќања изнесува 1.000 денари по грло-маторица, односно 1.100 денари по грло-маторица за земјоделски стопанства со пријавен број на грла-маторици за финансиска поддршка од минимум шест до максимум 50 грла-маторици.

Мерка 2.12: Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.11 за уматичено грло-маторица

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства одгледувачи на маторици и се корисници од подмерка 2.11 на оваа уредба;

-Земјоделските стопанства да се членови или се призната организација на одгледувачи на свињи, а приплодното грло маторица на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка да е заведено во матична книга;

-Земјоделското стопанство да е со минимални капацитети од 50 грла;

-Висината на директните плаќања изнесува 20% по уматичено грло од утврдената висина на поддршка во поддмерка 2.11. од оваа уредба;

Мерка 2.13: Директни плаќања за одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети 

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале најмалку пет гоеници во период од мај 2020 година до април 2021 година во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло;

– Висината на директните плаќања за гоеници со тежина од 90 до 130 килограми по грло изнесува 950 денари по грло. Бројот на грла се пресметува скалесто и тоа: од 5-5.000 грла 100%, од 5.001 до 15.000 грла 80%и над 15.001 грла 40%.

-Висината на директните плаќања за гоеници со минимална тежина од 121 килограми по грло изнесува 1.950 денари по грло. Бројот на грла се пресметува скалесто и тоа: од 5-5.000 грла 100%, од 5.001 до 15.000 грла 80% и над 15.001 грла 40%.

стопанства и кои се наведени во барањето.

Спроведување на подмерките на директните плаќања во поглед на утврдување на бројната состојба на приплодни грла-маторици се вршат врз основа на потврди издадени од регистрирани ветеринарни друштва.

Спроведување на подмерката 2.12. на оваа уредба, во поглед на утврдување на бројната состојба на уматичени грла – маторици се врши  врз основа на податоци од матичната книга на признатата организација на одгледувачи на свињи запишана во Регистарот на признати организации на одгледувачи на добиток,  потврдени од признатата организација на одгледувачи на свињи.

Крајниот рок за поднесување на барањата за подмерките 2.11., 2.12., 2.13 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година е до 31 мај 2021 година.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *