Висина на субвенциите за 2021 година за одржување на постоечки овошни насади со јаболка, круши, сливи, дуњи и мушмули

Вести Овоштарство

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат минимум 0,2 ха површина со постоечки овошни насади за секој овошен вид посебно и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Мерка 1.7: Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади (јаболка, круши, сливи, дуњи и мушмули)

-Прифатлив минимален број на овошки по хектар за за постоечки производни овошни насади, за секој од наведените овошни видови одделно е даден во следната Табела која е составен дел на оваа уредба;

Табела за минимален број на овошки – садници по хектар за постоечки производни овошни насади по овошни видови

Ред. број Овошен вид Прифатливиот број на садници по хектар е над
1. јаболка 400
2. круши 330
3. дуњи 500
4. мушмула 550
5. слива 330

Висината на директните плаќања за јаболка, изнесува 41.000 денари по хектар, односно 50.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари;

Висината на директните плаќања за сливи, изнесува 36.000 денари по хектар, односно 42.600 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари;

Висината на директните плаќања за круши, изнесува 33.000 денари по хектар, односно 39.600 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари;

Висината на директните плаќања за дуњи и мушмули изнесува 25.000 денари по хектар, односно 30.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка до минимум 1 хектар и максимум 5 хектари;

-Висината на директните плаќања определени со оваа уредба, со оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа за секој вид одделно: од 0,2 ха до 5 ха 100%, од 5,1 ха до 30 ха 60%,  и над 30 ха 30%.

Спроведувањето на мерките за директни плаќања по површина се врши, врз основа на поднесени барања кои треба да содржат податоци за површината на катастарските парцели евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства до 15 март 2021 година. Максималната дозволена површина на катастарските парцели за кои се поднесува барање е дополнително ограничена со површината евидентирана во Системот за идентификација на земјишните парцели со состојба на 15 март 2021 година.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *