Историско 22 место во светот по производство на вино

Вести Винотека Лозарство

Според податоците на Меѓународната организација за вино (OIV), Република Северна Македонија е позиционирана на високото 22 место во светот во производството на вино.

Ова претставува историски најдобар резулатат на кои сите заедно треба да се гордееме.

Мерките и политиките кои како министерство и Влада ги креираме овие години вродуваат со плод.

Испишавме историја со регистрирани над 200 мали семејни винарии, кои преку програмата за поддршка на малите семејни винарии добиваат грант поддршка за набавка на опрема за производство и пакување. Педесет и девет мали семејни винарии преку првиот повик веќе ја реализираа оваа грант поддршка, а во тек е обработувањето на апликациите од вториот јавен повик за мерката со која обезбедуваме поддршка на малите семејни винарии.

Благодарение на конкретните мерки за поддршка на секторот винарство трета година по ред бележиме зголемување кај извозот на флашираното вино. Вложуваме средства во промоција на убавото македонско вино пред странските пазари. Од 2017 година до денес за поддршка на винариите за учество на меѓународни саеми, како министерство сме издвоиле повеќе од 1 милион евра.

Дека секторот лозарство и винарство е високо во приоритетите на министерството говори и подготовката на новиот закон за вино, како и на подготовката на десетгодишната стратегија за вино, во која поставуваме нови цели за развој на секторот лозарство и винарство.

Наша цел е, како земја, да бидеме уште подобро запознаени и високо позиционирани на светската винска карта. Посветено работиме на оваа цел и тоа ќе го оствариме!

МЗШВ

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *