Поетски настан „Falling in wine with you“ во Кавадарци

Вести Винотека

Поетски настан „Falling in wine with you“ се реализира вчера во Кавадарци по повод празникот Свети Трифун, а во организација на Здружението на писатели „Тивешки Цветови“ и Винарска визба „Тиквеш“ од Кавадарци.

На манифестацијата учествуваат, покрај поетите од „Тиквешки Цветови“, и поети од Штип и Демир Хисар, како и еден поет од Унгарија.

Во своето обраќање кон присутните, поетесата Вероника Костадинова рече дека празникот Свети Трифун е многу значаен за луѓето од Тиквешијата, затоа што се смета за заштитник на лозарите и винарите.

Во рамките на настанот, поетите рецитираат стихови, меѓу другото посветени и на виното и љубовта.

Миа.мк

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *