Пријавување субвенции за млеко уште денес и утре

Вести

Млекопроизводителите имаат уште два дена за да се пријавуваат за субвенции за произведеното и продадено овчо, козјо и кравјо млеко од октомври до декември 2017-та година.

Висината на поддршката е 3,5 денари за еден литар кравјо и 4 за овчо и козјо млеко. Барањата се поднесуваат по електронски пат до 23-ти мај во подрачните единици на Министерството каде што е регистрирано земјоделското стопанство или фармата.

Продолжувањето на роковите нема да влијае врз динамиката на исплатата на субвенциите, велат од министерството за земјоделство.

До овој рок се поднесуваат и барањата за финансиска поддршка во живинарството за несилки набавени исто така од октомври до декември лани.

За секоја купена несилка за производство на јајца ќе се добиваат по 100 денари.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *