10 мај е крајниот рок за доставување понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари

Вести

Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, распиша ЈАВЕН  ОГЛАС бр.01/22 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање.

Станува збор за земјиште со површина од 5 722ха 92ар 53м2 во следните региони на државата: Битола, Делчево, Кочани, Куманово, Кратово, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Струмица, Прилеп, Радовиш, Велес, Штип и Кисела Вода.

Повеќе за огласот, деталите, начините и критериумите за аплицирање може да ги прочитате на следниот линк

Крајниот рок за доставување понуди е 10 мај 2022 година.

На ден 11.05.2022 година во 9.00 часот во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во големата сала ќе има јавно отворање на Јавниот оглас 01/22.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *