15 милиони евра за финансирање на Секторот за Земјоделство и Рурален Развој, во рамките на ИПА 2019

Вести

Европската унија овозможува многу бенефиции за развој на земјоделство. Модернизирањето на земјоделските системи придонесува за зголемување на конкурентноста и создавање на работни места во земјата. Ова го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на денешната средба со европската делегација.

– Заедно со Делегацијата на Европската Унија денеска ги финализиравме приоритетите за финансирање на Секторот за Земјоделство и Рурален Развој, во рамките на ИПА 2019, преку која се обезбедени 15 милиони евра за секторот земјоделство. Им благодарам на сите вклучени во процесот и искрено ја поздравувам заедничката работа, истакна Николовски.

Тој додаде дека на овој начин се поттикнува економскиот напредок и се создаваат подобри услови за живот во рурални заедници.

 

Б.П. за Современо Земјоделство

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *