МЗШВ и Слоу фуд Македонија ја официјализираат соработката

Меморандумот предвидува соработка во повеќе области, а меѓу приоритетните е користењето заштитени ознаки за квалитет. По овој повод, Слоу Фуд Македонија на МЗШВ ќе му ја достави Листата со традиционални производи во Република Македонија, на која работеше изминатиот период.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Не се покриваат долгови на винарии, туку им се помага на лозарите

– Преку постојното законско решение државата го побарува износот којшто овие винарии или откупувачи треба да го платат кон лозарите и преку финансиски инструменти на Управата за јавни приходи и Платежната агенција, овие пари ќе се вратат во Буџетот. Лозарите долго чекаа на решавање на овој проблем и сметаме дека е одговорно што побргу да ги добијат своите пари, рече Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: 7,7 милиони евра инвестиции преку ИПАРД 2 за развој на руралните средини

„Сите овие типови на инвестиции се наменети за руралните средини односно селата и тука спаѓаат инвестиции во мали преработувачки капацитети, во рурален туризам, производство на сточна храна и ѓубриво, отворање на градинки, старечки домови, кина во селата, капацитети за сместување и друго. Поточно со еден збор, оваа мерка е важна за поттикнување на агробизнисти во руралните средини кои ја поттикнуваат економската активност, а истовремено ќе ги подобрат условите за живот во руралните средини“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Проекти за туризам, пчеларство и земјоделство ќе се реализираат преку ReLoad програмата во Ресен

Пчеларство – еколошки бизнис за младите“, „Туристички саем во Преспа“, „Општествена интеракција и економско зајакнување на младите“ и „Рурален туризам – можност за одржлив развој на локалната заедница“ се четирите проекти што наредните шест до осум месеци ќе се реализираат во општина Ресен.

Share
Прочитај повеќе