Николовски: Го поттикнуваме учеството на руралната жена во земјоделскиот сектор

Николовски истакна дека ќе се создаде поддршка во вид на неповратни грантови во висина до 180.000 денари по корисник, за вршење на дополнителна дејност во рамки на земјоделското стопанство. Односно, жените ќе можат да започнат со преработувачка или занаетчиска дејност, користејќи ги ресурсите од сопственото производство.

Share
Прочитај повеќе

Првпат по 10 години се направени ортофото снимки од земјоделските парцели

Со овој проект МЗШВ обезбедува ортофото карти и дигитален модел на теренот преку авионските снимки од целата територија на државата, а врз основа на снимките ќе изврши ажурирање на парцелите во Системот за идентификација на земјишни парцели.

Share
Прочитај повеќе

Илиевски оствари средба со претседателот на здружението на сточари „Орлови вари“ од Битола

Една од нив е и средбата, втора по ред, со претседателот на здружението на сточари „Орлови вари“ од Битола –  Никола Георгиев и членови на здружението.
Со раководителот Методија Илиевски разговараа за проблемите со кои се соочуваат во сточарството и за идите планови на здружението.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Ќе воспоставиме систем на заштита на традиционалното производство и поддршка на локалните производители

Затоа, како држава, неопходно е да воспоставиме систем на заштита на традицоналното производство и поддршка на локалните производители. Ваков систем на поддршка веќе имаат воспоставено голем број земји членки на Европската унија“, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Нови средства за земјоделците кои го обновиле генетскиот потенцијал на стадата, подигнале нови овошни и лозови насади

За овие средства ќе може да аплицираат сите земјоделци кои од 1-ви септември до 31- ви декември 2018 –та година ги зголемиле стадата, формирале ново стадо, подигнале нов овошен или лозов насад, или пак засадиле повеќегодишни ароматични растенија како ( фацелија, еводија и багрем) на нови површини, ќе може да аплицираат за добивање на финанскиска поддршка.

Share
Прочитај повеќе

Со поврзување на земјоделците и откупувачите до сигурен откуп и стабилни цени

Преку овој проект Министерството ќе го поддржи и финансира приватниот сектор односно оние кои ќе сакаат да подигнат преработувачки капацитети во делот на решавањето на проблемот со јаболката, или ќе сакаат да направат сушара за сливи или други капацитети кои ќе бидат оценети како приоритетни. Инаку, во Програмата за рурален развој во 2019 година МЗШВ издвои 4 милиони евра кои ќе бидат насочени кон преработувачката индустрија односно на проектите кои се однесуваат на пласманот и на решавање на вишокот со земјоделски производи.

Share
Прочитај повеќе