Едукативна работилница на овоштарите за превенција и сузбивање на Monilinia Fructicola

Штетниот организам кај коскестото овошје Monilinia Fructicola детектирано во овошјето носи далекусежни последици по квалитетот и квантитетот на реколтата, но беше и главната причина да биде запрен и извозот на традиционалниот руски пазар, истакна проф. д-р Билјана Кузмановска од Факултетот за земјоделски науки. Како што истакна Сашка Алексовска од државната фитосанитарна лабораторија единствен начин да се отстрани временото ограничување за извоз на коскесто овошје од Република Македонија во Руската Федерација е ставањето под контрола на овој организам кој го напаѓа коскестото овошје.

Share
Прочитај повеќе

Човекот кој што одгледувал Јојоба, кажува дека тоа му го променило животот

Израел е водечка земја за производство на јојоба денес во светот.
Јојобата успева и во сушни делови каде и по 6 месеци нема дожд.
Сепак, Мекиќ вели дека ако се наводнува билката, тогаш има подобри шанси за побогат род.

Share
Прочитај повеќе

Триесет и еден земјоделец од Куманово, аплицирале за инвестиции во мaтеријални средства од IPARD 2

– Мнозинството од нив аплицираа за приклучна механизација, дел аплицираа за ограда на овоштарници, други за систем капка по капка, изјави раководителот на подрачната единица, Џабир Рамадани.

Share
Прочитај повеќе

Франција е првата земја во светот која ќе ги забрани сите пет пестициди кои ги убиваат пчелите

ЕУ прва забрана три од пестицидите и тоа: клотианидин, имидаклоприд и тиаметоксам. Сепак, Франција оди чекор понапред и ги забранува и тиаклоприд и ацетамиприд во сите земјоделски активности, вклучувајќи ги и стаклениците.

Share
Прочитај повеќе

Над 800 барања пристигнати за мерката „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства”

Македонските земјоделци имаат бројни бенефиции од искористувањето од ИПАРД 2 Програмата и заинтересираноста за овие средства продолжува да расте. За мерката „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства”, чиј рок за пријавување истече на 9-ти овој месец досега се поднесени над 800 барања, и се уште пристигнуваат по пошта, финалната бројка ќе биде позната на крајот на оваа недела.

Share
Прочитај повеќе

Црна Гора ќе ги користи македонските искуства за користење на мерките од ИПАРД програмата

Со ова потпишување на овој значаен документ двете институции ќе обезбедат тесна соработка и взаемна помош за развој на административната структура, како и знаењата и вештините на самите вработени за користење на средствата од националниот така и од ЕУ Буџетот. Македонија, која во овој период стана неформален лидер за спроведување на ИПАРД Програмата во регионот, покажа дека е подготвена да се носи со предизвиците кои пред неа се исправаат на патот кон Европската Унија.

Share
Прочитај повеќе