Прихрана на лозов насад

Прихраната на лозовиот насад со азотно ѓубриво Уреа, се изведува на почетокот на пролетта при првата обработка на почвата, бидејќи најголемиот дел од азотот, лозовиот насад ќе го користи до цветањето.

Share
Прочитај повеќе

Денеска започна летното сметање на времето

Донесувањето на оваа одлука придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Северна Македонија за асоцирање кон Европската Унија, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање. 

Share
Прочитај повеќе

Поради појавата на шумски пожари од вчера се воведе забрана за движење во шума и шумско земјиште

За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се
затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 Законотза шумите ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Share
Прочитај повеќе

Засилени инспекциски контроли на инспекторатите за земјоделство и за шумарство и ловство поради палењето на стрништа и шумски пожари

Државниот инспекторат за земјоделство ги задолжи сите инспектори за земјоделство да вршат постојан инспекциски надзор, да се интезивираат инспекциските контроли, во поглед на користењето на земјоделското земјиште, особено онаму каде има засеано житни култури, со цел да се откријат лицата кои палат оган во близината на посевите, ги палат стрништата, или пак ги палат остатоците од разни земјоделски култури, со што потоа се предизвикува и шумски пожар.

Share
Прочитај повеќе

Исплатени над 40 милиони субвенции за над 80.000 земјоделци, продолжува грижата за вистинските земјоделците

Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжуваат со вистинска грижа за земјоделците. Од почетокот на годинава па до денес, исплатени се вкупно 40.5 милиони евра за субвенции во кои се опфатени над 80 илјади земјоделци.

Share
Прочитај повеќе

Агрометеоролошка прогноза за периодот после 29.03.2019 година

Предупредување: Во утринските часови од петок кон сабота, се очекува намалување на температурата, се препорачува на земјоделските производители да превземат соодветни мерки за заштита.

Share
Прочитај повеќе

Во Лозово ќе се гради кафилерија, мршите веќе нема да завршуваат на депонии

-Засега е планирано од нус-производите да се добиваат високоеенергетски масла кои ќе се искористат за добивање енергија. Нашата цел како Агенција е да го запазиме еколошкиот дел и да стекнеме увид во состојбата со болестите. Затоа и инсистираме на воспоставување ваков систем – собирање, дистрибуција, преработка и искористување, потенцира директорот.

Share
Прочитај повеќе

Ветеринарните друштва да ги забрзаат активностите на терен за дијагностицирање на бруцелозата

Споро течат активностите за вадење на крв од овците за дијагностичко испитување на бруцелозата, оцени на состанокот директорот Атанасов и побара од првиот човек на Комората во наредниов период ветеринарните друштва да ги забрзаат активностите на терен со цел сточарите да можат да го запазат законскиот рок за аплицирање за добивање на субвенции.

Share
Прочитај повеќе

Во февруари спроведени 4997 инспекциски контроли

За извоз на храна од животинско потекло официјалните ветеринари издале 231 сертификат, а инспекторите за храна издале 338 сертификати за извоз на храна од неживотинско потекло. Минатиот месец, уништени се вкупно 8.507 килограми небезбедна храна од животинско потекло, од кои официјалните ветеринари со контролите уништиле 1.419 килограми, а самите оператори како небезбедни поништиле 7.088 килограми храна од животинско потекло.

Share
Прочитај повеќе

Анѓушев: Инвестицијата во фотоволтаични централи се исплаќа за пет до осум години

Кочо Анѓушев: Едно е да се градат фотоволтаични централи на државно земјиште. Предвидено е 25 мегавати во Свети Николе и десет мега вати во Македонски брод. Околу триесетина до триесет и пет илјади евра ќе чини приклучокот за еден мегават. Инвеститорите ќе имаат право да ја продаваат електричната енергија на слободниот пазар, а дополнително и да ја понудат на откупувач. Втората опција е да се градат на сопствено земјиште. И едните и другите кај државата ќе аплицираат за премиум, што е претходно утврден, а ќе можат да аплицираат сите што ќе ги исполнат условите.

Share
Прочитај повеќе