АХВ ги засили инспекциските контроли пред Велигден

Во пресрет на велигденските празници и зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат засилени контроли кај операторите со храна во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на храна. Со контролите се опфатени маркетите, угостителските објекти, специјализираните продавници за јајца, како и месарниците и зелените пазари. Ќе се проверува дали и колку операторите со храна ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност на храната кои се однесуваат на нејзино чување, одржување на ладниот ланец во транспортот и прометот, како и тоа дали означувањето на храната е во согласност со одредбите од Законот за безбедност на храната и Правилникот за информации поврзани со храната.

Share
Прочитај повеќе

Штипското прифатилиште одобрено согласно законските одредби за заштита и благосостојба на животните

Aгенцијата за храна и ветеринарство остро реагира на соопштението кое денес до медиумите го испрати здружението за заштита на животните ,,Анима Мунди,, во кое неосновано се обвинува нашата институција дека спротивно на законските и подзаконските акти од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните издала одобрение за отворање на прифатилиште за бездомни животни во Штип.

Share
Прочитај повеќе

ГИС обука за агро-еколошко зонирање на земјоделското производство

Главната цел на проектот за агро-еколошко зонирање, кој почна да се спроведува на почетокот на 2018 година е да овозможи точни информации за подобноста за одгледување на одредени земјоделски култури и сорти во дадени производни реони согласно почвено – климатските услови.

Share
Прочитај повеќе

Реакција: Нема непотребни задржувања на превозниците при вршење на инспекциските контроли на граничните премини

Агенцијата за храна и ветеринарство ги демантира изнесените наводи во медиумите за непотребни задржувања на превозниците при вршење на инспекциски контроли на граничните премини Ќафасан и Табановце. Согласно законските одредби, при извоз на храна од животинско потекло, официјалните ветеринари не вршат контроли на граничните премини, туку на местото на утовар на пратката за што издаваат и сертификат. 

Share
Прочитај повеќе

„Минува преку ѕидот на цревата“, Франција забрани адитив што го има во чоколадото и мастиките

Од следната година во Франција ќе стапи во сила забраната за употреба на супстанцата титаниум диоксид во прехранбените производи. Станува збор за адитивот Е 171, што се користи во различни намирници вклучувајќи ги и чоколадото и гумите за џвакање.

Share
Прочитај повеќе

Атанасов од Рим: Стратегија и план за работа на европската комисија за справување со лигавката и шапот во ФАО

Денес и утре во седиштето на ФАО, Рим, Италија се одржува 43то собрание на ЕУ-ФМД (Европска комисија за справување со Лигавката и шапот) во ФАО. Ќе се разгледува и усвои Стратегијата и работниот план за 2020-2023 година. Во извршниот комитет на ЕУ-ФМД, напорно работевме во текот на минатата година за да го осмислиме и ставиме на разгледување овој документ пред Генералното Собрание. 

Share
Прочитај повеќе

Започна аплицирањето по Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за 2019 година е започнат и ќе трае до 30 мај.
Во овој период ќе се поднесуваат единствените барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019- та година, односно за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, и за заклани животни во кланица. 

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Во мај ќе се објави тендерот за изведувач за изградба на хидросистемот во Славишко поле, Ранковце ќе добие современ систем за наводнување

„Ова е еден меѓу првите проектите од проектот на ЕУ, а реализиран преку МЗШВ и овој проект ќе се реализира на неколку локации. Досегашниот систем за наводнување во Ранковце покрива околу 40 хектари, а со овој проект општината ќе добие модерен систем за наводнување и ќе се наводнуваат над 300 хектари. Лани направивме повеќе средби со земјоделците и жителите, направивме анализи и токму овие анализи покажаа многу позитивни резултати и во делот на заинтересираноста и во делот на ефектите кои би се постигнале со овој систем во однос на зголемување на приносите и промени на соодветни култури со кои се занимаваат земјоделците.Со реализацијата на овој систем се создава можност да се одгледуваат и долгогодишни култури во овој познат земјоделски регион“, изјави министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Започна исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2018, денеска се исплатија над 27 милиони евра

Денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати над 80 отсто од вкупно планираната сума за субвенции за тутунот од реколтата 2018-та. На сметките на 26.776 тутунопроизводители денеска се исплатија над 27 милиони евра. Во моментов уште една компанија откупувач на тутун нема доставено списоци до Платежната агенција, затоа исплатата за тие тутунопроизводители ќе се реализира во следните неколку дена.

Share
Прочитај повеќе

Општина Новаци доби трактор и приколица како дел од проектот за прекугранична соработка Македонија- Грција

-Набавивме трактор Ландини серија 6-120 Ц и тракторска приколица Челмак од 5 тона  за влечење и транспорт на биомаса од речните корита. Ова е само дел од потребната опрема за таа намена. Во тек е јавната набавка за набавка на хидраулична рака за сечење и чистење на вегетацијата од речните корита и каналите, а дополнително ќе се набави и балирачка и котел за парно греење специјализаран за биомаса, рече Љубе Кузманоски, градоначалник на Општина Новаци.

Share
Прочитај повеќе