Кампањата за одговорно сопствеништво во кумановско Лопате

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина продолжуваат со реализација на активностите во рамки на едукативната регионална кампања за одговорно сопствеништво “Биди неговиот херој”.Со едукативната работилница која од денес почнува да се реализира и во руралните населени места во земјава, опфатени се дел од македонско – албанските паралелки од нижите одделенија во основното училиште ,,Битолски конгрес,, од кумановското село Лопате.

Share
Прочитај повеќе

АХВ спроведе обука на цариниците за контрола на миленици и личен багаж на гранични премини

Стручни лица од Агенцијата за храна и ветеринарство, за потребите на Царинската управа на Република Северна Македонија, минатата недела одржаа обука за спроведување на контроли при увоз и транзит на домашни миленици за некомерцијални цели и контрола на личниот багаж при влез во нашата држава. На обуката царинските службеници се запознаа со законските прописи за влез и транзит на домашни миленици, на кои категории животни се однесуваат процедурите, колкав број на единки може да се пренесат и кои документи треба да ги следат животните при увоз или транзит.

Share
Прочитај повеќе

Во ЕУ годишно се произведуваат околу четири милиони тони чоколадо

Годишно во Европската Унија се произведуваат околу четири милиони тони чоколадо вредно 18,3 милијарди евра, а најголеми производители се Германија и Италија.

Share
Прочитај повеќе

Кина го блокира увозот на свинско месо од канадски производители

Кина го суспендира увозот на свинско месо од две канадски компании, според интервјуто со канадскиот министер за земјоделство и кинески царински документ, кој го означува последниот судир во веќе проширениот дипломатски спор.

Share
Прочитај повеќе