ЈАВЕН КОНКУРС за доделување на дозволи за давање на јавни услуги од областа на здравјето на растенијата

Предмет на јавниот конкурс е издавање на дозволи за давање на услуги во областа на здравјето на растенијата.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделец понудил 100 милијарди евра за три хектари земја

За да добие државно земјиште од три хектари на јавно наддавање, земјоделец понудил дури 100 милијарди евра! Неговата понуда била избрана како најповолна и му било понудено да потпише договор со државата. Но, договорот тој никогаш не го потпишал. Земјиштето останало обраснато во трева. При тоа, со ваквата негова несериозна постапка, овој понудувач спречил ова земјиште да го добие некој кому навистина му требало за работа. „Внесуваме уште една можност, односно при електронското наддавање за земјоделско земјиште над 3 хектари, доколку прворангираниот не го склучи договорот, тоа може да го стори второрангираниот“, рече Љупчо Николовски, Министер за земјделство.

Share
Прочитај повеќе

Eвропската комисија со одлична оценка за АХВ за напредокот во евроинтеграциите

Европската комисија (EK), како и за 2017 година, и во овој извештај, оценувајќи ги завршените активности на Агенцијата за храна и ветеринарство за 2018 и првата половита на 2019 година, даде одлична оценка за постигнатиот напредок во евро – интеграциските процеси за Поглавјето 12 – Безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика. Со ваквата проценка на Комисијата, Агенцијата за храна и ветеринарство се вброи меѓу петте институции во државава кои добија највисока оцена.

Share
Прочитај повеќе

Две македонски сорти пченици за прв пат признати и во ЕУ

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), дава силна поддршка на своите компании членови и ги следи во нивниот раст и традиција на создавање квалитет и одржлив бренд не само на домашниот пазар, туку и интернационално.  Бројни домашни и странски гости, стопанственици, професори, академици, претставници на јавни институции, експерти од ФАО од Рим, експерти за семе од Министерство за земјоделство на Бугарија, претставници од Министерство за земјоделство од Србија, Турција, Албанија, Хрватска, Косово, Романија, присуствуваа на традиционалниот настан „Ден на пченицата“ под покровителство на Агро комората и Сојуз на стопански комори, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Илинден.

Share
Прочитај повеќе

Платежната агенција треба да исплати 8,7 милиони евра до крај на годината

– Најновите информации се дека до крајот на годината 8,7 милиони евра треба да бидат исплатени од Платежната агенција. Убеден сум дека ќе бидат исплатени заради тоа што веќе до Платежната агенција се поднесени барањата за исплата на најголемите проекти во делот на мерката на преработувачката индустрија. Лично ги мотивирам и разговарам со сите апликанти да ги забрзаат своите процедури. Секторите за одобрување и за исплати на Платежната агенција ќе работат интензивно летото, рече Николовски, одговарајќи на новинарски прашања.

Share
Прочитај повеќе

Пчеларите ќе можат да закупат земјоделско земјиште, каде би ги поставувале пчелните семејства

Министерот објасни дека измените на законот, направени врз основа на сериозни анализи, треба да овозможат поголемо вклучување на млади лица во земјоделството. Затоа, младите лица до 40 години ќе бидат ослободени од плаќање закупнина 3 години откако ќе добијат државно земјоделско земјиште. Се решава и проблемот што го имаа пчеларите со недостатокот на површини за поставување на пчелни семејства, кои ќе може да закупат државно земјоделско земјиште за таа намена. И земјоделците што веќе користат хектар или два државно земјиште ќе може да аплицираат за дополнителни парцели, сè до обезбедување на површина од 10 хектари, со што се создаваат услови за окрупнување на површините и за зголемување на производството.

Share
Прочитај повеќе

Обука и за прилепскиот стационар за бездомни животни

Постапките и стандардните оперативни процедури, техниките и методите на заловување на бездомни кучиња ќе бидат тема на тридневната обука која почнувајќи од денес, на барање на јавното комунално претпријатие од Прилеп кое стопанисува со прифатилиштето за бездомни животни, ќе ја одржи Брајан Фаулкнер, експерт од Кралското здружение за заштита на животните од суровост од Велика Британија (RSPCA). На едукативната работилница покрај вработените од ова јавно претпријатие, учество ќе земат и претставници од прифатилиштата за бездомни животни од Кичево, Демир Хисар, Штип и прифатилиштето за бездомни животни од Тетово кое е во фаза на одобрување.

Share
Прочитај повеќе

АХВ повторно оцената со највисоки оценки од Европската комисија

И во овогодишното известување на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија во приближувањето и имплементацијата на европското законодавство и стандарди, Агенцијата за храна и ветеринарство е оценета со највисоки оценки и е меѓу петте институции во државата што добиле ваква оценка.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Со измените на Законот за земјоделско земјиште до правилна распределба на државното земјоделско земјиште и зголемување на обработливите површини

Владата на Република Северна Македонија на седница  го утврди новиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште. Со новите законски измени се овозможува правилна и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште под закуп и ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште во државата.

Share
Прочитај повеќе

Презентирани искуствата на АХВ во спроведување на инспекциските контроли на граничните премини

На покана на Светската Банкарска Групација и Австриското министерството за финансии, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство ДВМ Зоран Атанасов во Виена Австрија, зеде активно учество на Регионалниот настан за мерење на достигнувањата на агенциите кои се наоѓаaт на граничните премини. Тој се обрати како говорник на панелот “Управување со ризик на граничните премини” на кој ги презентираше искуствата на нашата земја со вршењето на инспекциски контроли на граничните премини врз основа на проценка на ризик.

Share
Прочитај повеќе