Земјоделците очекуваат од 30 до 40 отсто зголемени приноси со „капка по капка“

Од 30 до 40 отсто зголемени приноси, поголема апсорпција на ѓубрива, пониски трошоци и поконкурентно производство ќе добијат 43 земјоделци кои аплицирале за инвестиции во подземни системи за наводнување „капка по капка“. Со оваа мерка, која е дел од Програмата за рурален развој 2018, предвидени се вкупно 20 милиони денари кои ќе им се враќаат на земјоделците по реализација на инвестицијата. Кофинансирањето ќе изнесува од 50 до 75 отсто.

Share
Прочитај повеќе

Со нови вработувања платежната агенција ќе атакува за повеќе пари од ИПАРД

– Извештајот е сосема реален, Агенцијата навистина треба сеуште да ги зајакне своите капацитети. Веќе исплатените 3 милиони евра покажуваат дека сме на добар пат, а имаме таргет до крајот на годината да исплатиме 8,7 милиони евра, и со тоа навистина ќе го покриеме овој дел од извештајот. Извештајот е во фаза на очекувањата да се дозавршат исплатите“, вели Николче Бабовски, директор на Платежната Агенција.

Share
Прочитај повеќе

Започна потпишувањето на договорите за мерката за кофинансирање на трошоците за набавка на системи капка по капка

Од денеска започна потпишувањето на 43 –те договори за мерката за инвестиции во подземни системи за наводнување капка по капка, од Програмата за рурален развој. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, посочи  дека преку оваа мерка се овозможува кофинансирање на трошоците за набавка на различна опрема потребна за инсталирање на системите за наводнување капка по капка, но и услуги за изведување на градежни работи, инсталирање на опремата, како и за изработка на елаборати и техничка документација.

Share
Прочитај повеќе

Градинарство-календар на активност за месец јуни

Во месец јуни продолжува грижата за градинарските култури кои се одгледуваат во оранжерии. Во слободниот простор кај некои култури, како тиквички, копар и др. Може да се засади праз, целер, кромид и др. Топлотниот режим треба правилно да се регулира во полиетиленските оранжерии – само во ладни денови и ноќи треба да се затвараат вратите и проветрителите.

Share
Прочитај повеќе