Македонските вина можат да се промовираат во Хрватска, надминат е проблемот за пласман на пазарот

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, изминатиот период имаше интензивни работни средби со амбасадорката на Република Хрватска во РСМ, Данијела Баришиќ, а беше испратено и писмо до хрватскиот министер за земјоделство Томислав Толушиќ.  Сега, вината со потекло од Република Северна Македонија ќе можат да се рекламираат и промовираат во Република Хрватска. Ова е од големо значeње за винарските визби, бидејќи Хрватска е втора извозна дестинација за вино во шише од Македонија.

Share
Прочитај повеќе

Заедно со Грција ќе се штитиме од природни непогоди и катастрофи

Буџетот на Центарот за развој на Пелагонискиот регион е околу 300 000 евра. Планирано е инсталирање на систем за рано предупредување и тревожење, изработка на меѓуграничен акционен план за превенција и управување со ризик, интегриран план за превенција од земјотреси, мрежа од повеќе метео станици и џпс уреди за следење свлечишта во инфраструктурите под ризик, брани и патишта.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделски форум: „Организирано земјоделство до сигурен пласман“

-Зборував за мерките што во таа насока ги презема МЗШВ, како и идните чекори кои заеднички ќе ги преземеме за поттикнување на договорното производство и развој на овој значаен сектор. Особено ми е драго што земјоделството веќе бележи нагорни трендови и почнува да станува вистински двигател на економијата, истакна министерот Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

20 проценти повеќе насади со тутун во струмичко во споредба со лани

Површините со тутун во струмичкиот регион оваа година ќе  бидат зголемени . Благодарение на поволните временски услови за оваа култура сеидбата е речиси завршена. Засадени скоро 95% од планираните површини кои се зголемени за околу 20% во однос на лани.

Share
Прочитај повеќе

Битола доби пари за четири проекти преку Програмата за рурален развој

Во наредниот период во Општина Битола ќе се гради делот од Зелениот  градски пазар каде се продава бижутерија и цвеќе, ќе се реконструира патот за Маловишта, ќе се реконструира и патот за селото Буково, а ќе се прави и  парк во село Лопатица. Ова се четирите  проекти за кои Општина Битола доби пари  преку Програмата за рурален развој.

Share
Прочитај повеќе

Во Старавина камп за обука за пожари на отворен простор

Мариовско Старавина веќе втора година е центар на организација на кампот за обука на тимовите на општинските сили за одговор на пожари на отворен простор со завршна вежба која денеска се одржа во организација на Планинарско Горскоспасително друштво АВА КОТА 1050 Новаци како главен организатор и Дирекцијата за заштита и спасување како координатор.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделското осигурување во подем

Иако бројките годинава покажуваат пораст на земјоделското осигурување во однос на минатите години, сепак сè уште сме далеку од бројките што ги имаат развиените држави во осигурувањето на овој сектор. Според Агенцијата за супервизија на осигурувањето земјоделското осигурување годинава се зголемило за 216,69 отсто со бруто-полисирана премија од 80,9 милиони денари со склучени 523 договори што претставува пораст од 82,9 отсто. 

Share
Прочитај повеќе