Во источниот регион ќе се гради репроцентар за фазани

– Од септември почнуваме со изградбата на ловниот дом во селото Судиќ. Тука е предвиден објект за репродукција на фазанот и репродукција на зајак, вели Малинов. Еребицата е на граница на истребување на овие простори, поради што нејзиното зачувување е повеќе од потребно. За да се зачува, од ловното здружение размислуваат за воведување забрана за нејзин отстрел на одредени терени.

Share
Прочитај повеќе

Почвата во Велес и околината и натаму загадена, предизвикувач е ридот со згура од тешки метали кај Топилницата

Почвата во Велес и по вршењето на деконтаминацијата со растенија фиторемедијатори сè уште е загадена со тешки метали, покажале лабораториските анализи на стручњаците од ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес. Почвата и натаму ја загадува ридот со згура што се наоѓа во близина на Топилницата. Затоа еколошките здруженија бараат дислокација на оваа згура и координација со земјоделците, eкспертите, невладините организации и надлежните локални и државни институции за да се усвои стратегијата за деконтаминација на почва и да се примени во Законот за почви.

Share
Прочитај повеќе

Позната фирмата која ќе ги снабдува земјоделците со зелена нафта

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави името на економскиот оператор кој го добил тендeрот за набавка на „зелена нафта“ на земјоделците. Од агенцијата велат дека операторот „Макпетрол акционерско друштво за промет со нафта и нафтени деривати Скопје“ ги исполнил сите услови согласно барањата во тендерската документација.

Share
Прочитај повеќе