Одгледувањето на кози станува попрофитабилно!

Бранко Станиќ од Никинац, пред шест години останал без работа, а потоа решил со семејството да направи фарма за кози. Потрагата за соодветно место за чување на козите, трала повеќе од една година. Пред четири години, тие нашле простор, купиле 20 алпски кози и се впуштиле во производство.

Share
Прочитај повеќе

Годинава ќе има мед, не само за лек, туку и за извоз во Словенија

Годинава прогнозите на пчеларите се дека ќе има доволно мед не само за лек туку и за задоволување на домашните потреби. Пчеларите се надеваат дека  по неколку лоши години, годинава ќе биде медоносна и ќе ги соберат планираните количества мед. Ако се произведат поголеми количества мед може и да извезуваме, а засега интерес за увоз на македонски мед пројавила Словенија.

Share
Прочитај повеќе

Повеќе од половина од потрошувачите не ги читаат декларациите кога купуваат храна

Речиси за сите македонски потрошувачи (91 отсто), означувањето на храната, односно информациите напишани на пакувањето на храната и на пијалаците се важни. Педесет и еден отсто од нив сметаат дека се многу важни, а 40 отсто дека се важни, додека само 9 отсто од потрошувачите сметаат дека означувањето на храната не е важно.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Во полн ек е жетвата на пченицата, годинава се очекува за 4 отсто поголемо производство во споредба со 2017-та година

Агенцијата за стокови резерви минатата недела го објави јавниот оглас за набавка на 7.165 тони меркантилна пченица за обнова на потребите на стоковите резерви, што во овој период ќе влијае позитивно на пазарот на пченица во делот на зголемување на откупната цена.

Share
Прочитај повеќе

Реализирани се 133 проекти за рурална инфраструктура со грант средства од ИПА

Завршени се целосно сите градежни работи финансирани преку ИПА грантот за рурална инфраструктура, во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги – МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии. Станува збор за 133 капитални проекти реализирани во 78 општини во земјава, кои имаат за цел подобрување на квалитетот на живот во руралните средини и решавање на инфраструктурните проблеми.

Share
Прочитај повеќе

Зошто да се калемат лубениците и дињите на тиква?

Калемењето на лубеници и дињи на тиква доведува до далеку поголема бујност на растенијата поради многу посилниот корен на тиквата која растнието го снабдува со храна и вода што обезбедува побрзо зреење на плодовите (за 20-25 дена побрзо) и дава многу поголем  принос. За калемење на лубеници првенствено треба да се користат ситноплодни и рани сорти. При калемењето на дињите се обезбедува рано доспевање и зголемување на приносот како и отпорноста на болести.

Share
Прочитај повеќе

Во Мај спроведени 5.534 инспекциски контроли

Повеќе од 7 тони небезбедна храна од животинско и неживотинско потекло уништиле инспекторите за храна, официјалните ветеринари и операторите со храна во мај годинава. Во внатрешниот промет, во истиот временски период спроведени се вкупно 5.534 инспекциски контроли, од нив 4.035 редовни, 528 контролни и 971 вонредна инспекциска контрола.

Share
Прочитај повеќе