Сок од компир- чудесен лек за тешки болести

Ако се чувствувате слабо или исцрпено наутро и навечер испијте сок направен од еден компир со средна големина, еден морков и јаболко и во рок од две недели повторно ќе бидете во форма.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Димковски оствари средба со шефот на канцеларијата на УНДП, Нарин Шахакјан

-Во период кога климатските промени се повеќе негативно влијаат врз земјоделското производство, инвестициите имаат важна улога за рентабилно производство. Во изминатите години токму овие инвестиции беа тотално запоставени. На овој работен состанок со шефот на канцеларијата на УНДП во земјава Нарин Шахакјан, разговаравме за мерките кои како ресорно министерство ги преземаме. МЗШВ вложува многу финансиски и човечки капацитети за реализација на водостопански проекти, што е долгорочна стратегија за оддржување на земјоделските посеви во добра кондиција, истакна министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Фестивал на храна и култура „Taste Krusevo“, од 27 до 29 септември

-Имаме многу содржини во Крушево и навистина имаме многу да понудиме. Ако цело лето имавме богата понуда за авантуристички спортови и чист воздух, еве сега на почеток на есента покрај авантурата преку „Taste Krusevo“ на посетителите им го нудиме вкусот на нашата храна и историското богатство на културните знаменитости. Ги поканувам сите граѓани од државата и надвор од неа да не’ посетат за овој фестивал и да ја дегустираат вкусната храна“- вели Христоски.

Share
Прочитај повеќе

Отворен повик за доставување идеи за сувенири

Во рамки на проект за унапредување на винскиот туризам и понуда во земјава, „Тиквеш вински туризам“ отвора повик за сите заинтересирани правни и физички субјекти кои се занимаваат со дизајн и изработка на сувенири.

Share
Прочитај повеќе

Агро-метео: Обилни врнежи од дожд

Денеска ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, до 20 литри на метар квадратен, проследени со грмежи и засилен ветер и ретка појава на град. Максималната дневна температура ќе достигне до 22 степени Целзиуови, информира УХМР.

Share
Прочитај повеќе

Фармерите со рок до крајот на идната година, да го подобрат квалитетот на млекото

„За да го подобрите квалитетот на млекото битни се многу фактори. Одгледувањето на животните, фармата, начинот на молзење, хигиената на фарма, хигиената на молзење, опремата за ладење, едукацијата, познавањето и многу други работи“, истакна Соња Србиноска, професор на факултетот за земјоделски науки и храна.

Share
Прочитај повеќе

Премиерот Заев од Берово: Владата е максимално посветена на поддршката за развој и подигање на капацитетите на единиците на локалната самоуправа

Министерот Димковски изјави дека со помош на мерките од Програмата за рурален развој, општините ќе ги решат проблемите во патната и канализационата инфраструктура и ќе обезбедат подобри услови за живот и ефикасно искористување на мерките од ИПАРД 2 програмата.

Share
Прочитај повеќе

Кандидати на кои им е одобрено барањето за полагање испит за стопански риболов и за рибочувар

Испитот за стопански риболов и за рибочувар ќе се одржи  на ден 26 септември 2019 година, со почеток во 11 часот во просториите на Хидробиолошки Завод-Охрид.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Без доцнење, без селекција, без тактизирање ги исполнуваме сите наши обврски спрема земјоделците

Пред почетокот на новата производствена сезона лозарите ги добија субвенциите за основната мерка за одржување на лозови насади. Се исплатија 9 милиони евра на 15.208 лозари. Веднаш потоа, Платежната агенција исплати 77 милиони денари на 2.048 лозари по основ на долгот што винарските визби го имаат кон лозарите за предаденото грозје во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците можат бесплатно да користат технолошка вода

Кавадарци активира два бунара со што земјоделците можат бесплатно да користат технолошка вода во земјоделството, за прскање и миење трактори. Капацитетот е околу десет литри вода во секунда.

Share
Прочитај повеќе