(ВИДЕО) Сашка Јованова: Животот во село не е лесен, но не би го менувала за во град

-Животот во село не би го сменила за во град, бидејќи овде се живее по опуштено, порелаксирачки. Во селото животот е прилично тежок, започнува сабајле во 4, некогаш и пред 4. Моментално сме двајцата со сопругот, береме по 5 часа до 10 часа сме на тутунот. Имаме околу 1 хектар пипер за ајвар. Имаме овоштарство-сливи стенлија, па и компир за домашни потреби. Ако си добро организиран и ако работиш плански, можат да се постигнат сите работи, истакна Сашка.

Share
Прочитај повеќе

Голема суша, нема врнежи од дожд – синоптичарите најавуваат дожд на крајот од октомври

Од УХМР велат дека дожд може да очекуваме кон крај на месецов. Во последниве 20 години евидентирано е дека  температурите се во постојан пораст. Од 2007 до 2018, само 2011 не била година со високи температури.

Share
Прочитај повеќе

Димковски оствари средба со заменик-министерот за земјоделство на Руската Федерација, Левин :Заеднички ќе се работи на зголемување на трговската размена

Министерот Димковски, посочи дека МЗШВ ќе ја продолжи поддршката на саемите „Продекспо“ и „Мир Питание“, како и на Македонскиот дом во Москва. На состанокот Димковски и Левин се согласија за продолжување на соработката помеѓу македонската Агенција за храна и ветеринарство  и Фитосанитарните служби со Руската федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор – Росселхознадзор, што е важно за непречена трговска размена помеѓу двете земји.

Share
Прочитај повеќе

Супермаркетите во Азија наместо пластична амбалажа користат листови од банана

Освен како амбалажа за овошје и зеленчук, синџирите сакаат да ги користат листовите и за пакување на свежото месо. Според медиумите, оваа еколошка амбалажа е само уште една во низата иницијативи кои ги презема Виетнам за намалување на пластичниот отпад.

Share
Прочитај повеќе