Во Велес се одржа Форум за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата

Форумот се организира во склоп на едукативната кампања на ИПАРД Програмата. Како дел од истата претставниците од Телото за управување со ИПАРД фондовите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој до сега ги информираа граѓаните во Сопиште, Петровец, Берово, Пехчево, Дојран, Негорци, Белчишта и Охрид на посебни инфо денови. Инфо деновите од Кампањата за Публицитет на ИПАРД 2014-2020 ќе продолжат и оваа недела, и тоа: на 25. октомври 2019 година во 11.00 часот во ресторан Галија во Калиште и во 15.00 часот во салата на општина Вевчани.

Share
Прочитај повеќе

Со Функционалната анализа на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до поефикасни и навремени услуги за земјоделците

“Анализата покажа кои организациони единици се соочуваат со преоптовареност или пак со недоволно работни обврски. Тој податок помага подобро да се дефинираат одговорностите, да се идентификува кои делови ги извршуваат деловните процеси помалку ефикасно од другите и како резултат на тоа, кои организациони единици би требало да се дополнат, променат или да се спојат со други единици, се со цел да се зголеми ефикасноста на работните процеси”. изјави министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе