Втор инвестициски оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп над три хектари

Со овој оглас на располагање за давање под закуп се 1.453 хектари во Свети Николе, Велес, Струмица, Куманово, Неготино, Битола, Кочани, Кисела Вода, Пробиштип, Берово, Штип, Тетово, Кавадарци, Гевгелија и Крива Паланка. Рокот за доставување на потребната документација до министерството е 40 дена, сметајќи од денеска.

Share
Прочитај повеќе

За две и пол години исплатени 314,5 милиони евра за субвенции за земјоделците, во следниот продолжува навремената и неселективна исплата на субвенциите

Според динамиката за исплата, се подготвуваат решенијата за исплата на субвенцијата за откупена пченица од домашно производство од родот 2018 година, за што во ребалансот се проектирани 40 милиони денари. Веднаш потоа, следува исплатата на субвенциите за предадени градинарски култури, предадени домати и јаболка, субвенција за површини со поледелски и градинарски култури, овошни и лозови насади, како и за грло добиток. Со ребалансот се проектирани и 40 милиони денари за субвенции за заклани свињи како превенција од појава на болеста африканска свинска чума.

Share
Прочитај повеќе

Со измените на Законот за пасишта до ефикасна распределба на пасиштата

Со одредбите на предложените измени и дополнувања на овој закон се уредуваат постапките за давање на користење на пасиштата, со што ќе се овозможи подобра сигурност во давањето на услугите, континуитет и квалитет на услугите како и применливост на истите,што не е случај со моментално важечкиот закон за пасиштата. 

Share
Прочитај повеќе