Потпишани договорите од вториот повик за млади земјоделци, од следната година поддршката се зголемува на 20.000 евра

Денеска започна потпишувањето на договорите за мерката „Помош за млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“. Финансиската поддршка за оваа мерка е до 10.000 евра во форма на грант.  Вкупно се потпишуваат 102 договори.

Share
Прочитај повеќе

Најдоцна до 31 декември да достаци седибен план за начинот на користење на земјата земена под закуп од државата

Почитувани земјоделци ве потсетуваме на вашата обврска најдоцна до 31 декември оваа година до Подрачната единица  на министерството за земјоделство  да го доставите извештајот за начинот на користење на земјоделското земјиште и исполнување на обврските од договорот за закуп, односно да поднесете сеидбен план.

Share
Прочитај повеќе

Објавен ИПАРД повик за „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“

Со овој јавен повик им се овозможува на фирмите и на земјоделските задруги да инвестираат во отворање на преработувачки капацитети и опрема, при што 50 отсто од инвестицијата ќе им биде кофинансирана, односно финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка.

Share
Прочитај повеќе

Државата ќе ги отпише каматите на долговите на граѓаните

Со закон ќе се бришат каматите на долговите кон државните и јавни претпријатија заклучно со 2017 година. Покрај ова задолжително ќе се прави и репрограмирање на главниот долг, односно колку е поголем долгот на повеќе рати ќе се плаќа.

Share
Прочитај повеќе

Нови 13,3 милиони евра од ИПАРД 2

-Рокот за аплицирање почнува од сабота, 28 декември, и ќе трае до 11 февруари. Вкупно на располагање на овој јавен повик се ставени 13.352.375,68 евра. Со ова, Владата, Министерството за земјоделство и Платежната агенција уште еднаш потврдуваат дека силно се фокусирани на развој и унапредување на преработувачките капацитети во агро секторот.

Share
Прочитај повеќе

Бабовски: Искористени максимално средствата од ИПАРД програмата

Оваа година е историска за искористување на средствата од ИПАРД програмата, со што државата првпат не плаќа пенали за неискористување на овие европски средства.

Share
Прочитај повеќе

Кога е подобро да се засадат малини, во есен или во пролет?

Есенското садење дава најдобри резултати, бидејќи засадените садници обично се влажни   а коренот се развива за време на топлите зимски денови. Есенското садење е далеку подобро од пролетното, а садењето малини во доцната пролет може да биде неповолно. Садниците мора да бидат високи најмалку 30 см.

Share
Прочитај повеќе

Потврдена африканска свинска чума кај дива свиња во соседна Бугарија

По новиот случај на потврдено присуство на болеста африканска свинска чума кај заловена дива свиња во реонот на Благоевград во соседна Бугарија, која од страна на бугарските ветеринарни власти била пријавена во Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ на 17 овој месец, со цел спречување на појава и ширење на болеста и во нашата земја, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги потсетува одгледувачите на свињи, ловните друштва и граѓаните да се почитуваат донесените решија за  спроведување на заштитни мерки кои ги пропиша Агенцијата, бидејќи опасност од појава на болеста се уште постои.

Share
Прочитај повеќе

Листа на кандидати за полагање на ловечки испит

Ловечкиот испит ќе се одржи на 28.12.2019 година, во просториите на Хотел Бисер во с.Калишта – општина Струга, со почеток од 09:00 часот, исто така и ловечкиот испит  кој е на  29.12.2019 година (недела) ,  ќе биде во просториите на Хотел Бисер во с.Калишта – општина Струга, со почеток од 09:00 часот.

Share
Прочитај повеќе

Досега исплатени над 76,7 милиони денари за поврат на персонален данок на доход за земјоделците

Исплатата е реализирана кај земјоделците кои пријавиле валидни трансакциски сметки. Земјоделците кои ги исполнуваат условите за поврат на персонален данок од доход,  а не ги ажурирале своите трансакциски сметки, ги повикуваме тоа да го направат во најкус рок во најблиските подрачни единици на Управата за јавни проходи.

Share
Прочитај повеќе