ОД ПЕТОК ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ ОД 19:00 ЧАСОТ ДО ПОЛНОЌ

Од 10.06.2022 до 10.09.2022 година, во терминот од 19:00 до 24:00 часот се забранува моторниот сообраќај со поставување на физички препреки на спојот на ул.„Димитар Илиевски Мурато“ и ул. „Широк Сокак“ со што се овозможува безбеден пешачки сообраќај.

Share
Прочитај повеќе

„Ден на полето 2022“: Домашно производство на храна за заштита од недостиг и од високи цени

Во услови на криза која сериозно ги нарушува ланците на снабдување со основните прехранбени производи, негативно влијаат климатските промени и воениот конфликт, од исклучителна важност е домашното производство на храна, кое ќе овозможи достапност на потребните производи по најповолни цени. Ова го констатираа учесниците на традиционалниот настан „Ден на полето 2022“, кој се одржа во организација на компаниите „Клечовце“ и „Агростарт“ од Куманово.

Share
Прочитај повеќе

​Средба Деспотовски Бартон – презентиран новиот концепт на поттикнување на инвестиции

Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони, Јован Деспотовски и Комесарот за трговија на Нејзиното Височество за Европа, г-дин Крис Бартон остварија средба на која се разговараше за можностите за соработка и нови инвестиции, во контекст и на новиот концепт на работа на ТИРЗ.

Share
Прочитај повеќе

Синдикалната кошница во мај зголемена за речиси три илјади денари во однос на јануари

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во мај се зголемиле за 2.980 денари во однос на јануари, покажуваат пресметките што секој месец ги прави Сојузот на синдикати на Македонија, изработувајќи ја синдикалната минимална кошница.

Share
Прочитај повеќе

Бизнисот бара итни мерки за помош, инфлацијата на ниво од 11,9 отсто

Државата веднаш да преземе мерки за пресретнување на евентуална ескалација на состојбите што би можело да се случат следната зима, апелираа вчера од Стопанската комора на Северна Македонија, од каде побараа штедење особено на електричната енергија и од државата, граѓаните и од компаниите.

Share
Прочитај повеќе

Времето денеска прoменливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Share
Прочитај повеќе

7.1 милиони евра кредитна поддршка преку Развојната банка обезбедуваме за земјоделските претпријатија, со олеснети услови за аплицирање и пониски каматни стапки

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука со која се олеснуваат критериумите во кредитната линија за поддршка на претпријатија со дејност од областа на земјоделството, со цел зголемување на производството на земјоделските производи и нивните преработки, од средствата на Компензационите фоднови со кои управува и располага Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.

Share
Прочитај повеќе