Оваа година обезбедени се 35 милиони евра за рурален развој

Вести

Подигнување на нови лозови и овошни насади, набавка на добиток, механизација, системи за наводнување и поддршка на младите земјоделци се мерките кои и оваа година ќе се ко-финансираат преку Програмата за рурален развој.

Со неа покрај зголемувањето на конкурентноста на земјоделските стопанства се обезбедува и финансиска помош за изградба на нови локални патишта, водоводи и инфраструктурата во руралните подрачја.

Преку оваа програма ќе се субвенционираат и 50 проценти од банкарските камати за земјоделските кредити.

Со овие пари се обезбедува и финансиска поддршка за набавени јуници, овци, кози и свињи од октомври до декември лани, а истовремено се субвенционираат и подигнатите нови повеќегодишни лозови и овошни насади.

Дел од градоначалиците имаат забелешка во однос на спроведувањето на мерката за инвестирање во инфраструктурата во руралните средини и бараат поедноставување на постапката за аплицирање.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *