46 милиони евра за модернизација на земјоделството од Светска Банка

Вести

Бордот на директори на Светска банка го одобри проектот за модернизација на земјоделството во Северна Македонија во вкупен износ од 50.5 милиони $ или 46 милиони евра.

Макотрпната работа, вербата и мотивот на целиот тим на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство го даде резултатот.

Овој проект на кој се работеше две години опфаќа реализација на неколку клучни проекти:

➡️Градење на 2 откупни центри и Агрофуд Платформа преку кои ќе се реши откупот, складирањето, сортирањето и пласманот на земјоделските производи.

➡️ Софтверско решение за евиденција на целокупното земјоделско земјиште во Република Северна Македонија, со што ќе се добијат брзи и точни информации за секоја парцела.


➡️Кафилерија за еколошка преработка на нус-производите од животинско потекло, што ќе придонесе за заштита на животната средина.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *