6 совети како да го препознаеме вистинскиот мед!

Вести Пчеларство Совети

Како да го препознаеме вистинскиот мед? Ги откриваме овие 6 неверојатни совети за да го пронајдете наједноставниот начин за да одредите дали медот што го користите е навистина природен или не!

На нашиот пазар се повеќе и повеќе производители продаваат т.н. лажен мед. Овој мед е полн со адитиви, вештачки шеќери и ароми. Вештачкиот мед е сосема поинаков во својот состав од природниот, а лековити својства скоро и да нема.

Како да го препознаете вистинскиот мед?

Ви предлагаме шест совети за лесно да ја забележите основната разлика помеѓу вештачки изработениот и природниот мед.

1. Природниот мед воопшто не е леплив. Земете мед и протријте го меѓу прстите. Природниот мед треба да се апсорбира во кожата. Ако при триењето, медот станува леплив, тоа значи дека овој мед содржи шеќер или засладувачи.

2. Намачкајте мед на парче леб. Природниот мед ќе го зацврсти лебот за само неколку минути, додека вештачкиот мед ќе го накваси лебот поради содржината на вода.

3. Измешајте малку мед со жолчка. Ако медот е природен, кога ќе ја каснете жолчката, изгледа како да е зготвена.

4. Природниот мед, после одредено време, природно се кристализира, а вештачкиот мед по подолго стоење се прави како сируп.

5. Наполнете една чаша со вода и додадете лажичка мед. Природниот мед ќе падне до дното и ќе остане целосно, а вештачкиот ќе почне да се раствора веднаш.

6. Пчелите градат кошници на дрвјата и помеѓу камењата, за да се заштитат од мравките. Можете да го тестирате вистинскиот мед користејќи го овој факт. Ставете малку мед на мравки и ќе видите дека тие нема да го допрат медот, доколку во него нема вештачки шеќер.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *