8.6 милијарди денари од Буџетот за земјоделците

Вести

Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, во своето обраќање на собраниската седница, информираше дека најголем дел од буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е издвоен за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, односно 8,6 милијарди денари за директната финансиска поддршка во земјоделството и за рурален развој.

Со тоа го унапредуваме и зголемуваме земјоделското производство и овозможуваме навремена и неселективна исплата на субвенциите, тогаш кога на земјоделците им се најпотребни.“ – рече Заев.

Преку Програмата за рурален развој, инвестираме над 1,8 милијарди денари во создавање производи со висока додадена вредност, модернизирање на агро-секторот и развој на руралните средини. И ова е потврда дека парите ги враќаме кај граѓаните. Постигната е највисока просечна откупна цена на тутунот од 217 денари по килограм, при што обезбедивме највисоки субвенции до сега од 80 денари за прва класа, 70 за втора и 60 денари за трета и за дополнителните класи. Лозарите се задоволни од било кога повеќе. Земјоделството го правиме атрактивно и за младите. 424 одобрени грантови од по 10.000 евра за мерката за поддршка на млади земјоделци“, рече премиерот.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *