АФПЗРР: Исплатени директните плаќања за живинарство

Вести

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата за директните плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети и директните плаќања за одгледани и заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети.

Со исплатата се опфатени 35 баратели со вкупна финансиска поддршка од 80.6 милиони денари.

Висината на финансиската поддршка за одгледани и продадени или амортизирани несилки изнесува 80 денари по несилка, додека висината на финансиската поддршка за одгледани и продадени или заклани бројлери изнесува 40 денари по пиле.

,,Со оваа исплата започнуваме со сеопфатна исплата на директните плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството предвидени за сточарското производство. Во следните денови ќе се реализираат исплатите и за одгледувачите на говеда, овци, кози, маторици, како и за земјоделските стопанства кои поседуваат пчелни семејства” – појаснуваат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *