АФПЗРР изврши исплата по основ на подмерката од Интервентниот фонд која предвидува финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња.

Вести
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата по основ на подмерката од Интервентниот фонд која предвидува финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња во производството на пченица, јачмен, пченка и сончоглед. ✅
Исплатени се 1013 корисници во висина од 19.3 милиони денари.
Досега за оваа подмерка од интервентиот фонд, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој целосно ги разгледа и одобри барањата на 6488 корисници кои имаат добиено финансиска поддршка во износ од над 105 милиони денари. 🤝
Корисници на оваа подмерка сe земјоделски стопанства кои во производната 21/22 година имаат засеани површини со пченица, јачмен и пченка, a кои имаат набавено вештачки ѓубриња за прихрана на посевите во период од 1ви декември 21 до 31 мај 22 година. 👨‍🌾👩‍🌾
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *