АФПЗРР објави јавен повик за набавка на опрема за производство на тутун

Вести

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07, 5/09, 43/14, 193/15, 39/16, 164Д8 и 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот ЈАВЕ Н ПОВИК бр .06/ 2 02 2 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година

I. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за мерка 121 Инвесгиции за модернизација на земјоделски стопанства, подмерка 121.7 Набавка на опрема за производство на тутун

II ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ НА БАРАТЕЛОТ

Право на користење на средства имаат:

  • Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој

III. ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

Средствата се наменети за инвестиции за набавка на опрема за производство на тутун, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

Максималната кофинансирана вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121.7 изнесува 4.500 000,00 денари.

Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплакаат на годишно ниво.

IV. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov,mk Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 бара различни мерки земајки ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддшка на руралниот развој за 2022 година.

Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со: Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година („Службен весник на Р.Македонија” бр. 64/22, 81/22 и 88/22) Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Р.Македонија” бр.49/1О, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 88/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19, 152/19, 244/19, 275/19 и 110/21 ) Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој („Службен весник на Р.Македонија” бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18, 100/19, 215/19, 24/20, 96/21, 276/21 и 91/22) и Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка. („Службен весник на Р.Македонија« бр. 124/11, 80/13, 72/14, 35/16, 59/16, 178/18, 77/19, 214/19, 276/21 и 91/22)

Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски да ги прикачат потребните документите предвидени за мерка 121, подмерка 121.7.

Критериуми кои треба да ги исполнуваат барателите се следни:

  • Производители на тутун со запишани производни капацитети во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарсгво и водостопанство.
  • Големината на производните капацитети се утврдува согласно запишаните производни капацитети во Единствениот регисгар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
  • Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства за мерките 121 се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој („Службен весник на Р.Македонија” бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18, 100/19, 15/19, 24/20, 96/21, 276/21 и 91/22)e-baranje.ipardpa.gov

Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барањето на e-baranje.inardpa.gov.mk

Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на Договор за ко-финансирање со Агенцијата .

Барањата кои не се поднесени електронски на нема да се разгледуваат.

НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Електронски пополнетите барања за финансиска поддршка потребно е да се превземе, испринта и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на Барањето (0622-12116-ХХХХ/1).

Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.

Крајниот рок за доставување на барањата е 20.05.2022 година.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *