Предмет на овој јавен повик е доделување на финансиска поддршка за мерката 121.
Право на аплицирање на овој Јавен повик имаат сите земјоделски стопанства кои се впишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства а се индивидуални земјоделци кои се носители на земјоделско стопанство или пак се носители на земјоделско стопанство а со земјоделство се занимаваат како дополнителна дејност.
Вкупната прифатлива сума по корисник е до 3.5 милиони денари а поддршката се исплаќа по принцип на кофинансирање на реализирани и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 % од вредноста на одобрените прифатливи трошоци.
Овие средства се наменети за инвестиција за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и се предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.
Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на е-baranje.ipardpa.gov.mk.
Барателите на овие финансиски средства треба да имаат минимум производствен капацитет од над 1 хектар површин под ориз.
Крајниот рок за доставување на барања е 15.05.2015 година.
Повеќе околу условите, критериумите и начинот на доставување на барањата можете да прочитате на следниот линк.