Доколку се одлучивте да го започнете одгледувањето на калифорниски црви – 10 легла, еве како изгледа инвестицијата:

Инвестиции во првата година
10 легла калифорниски црви. x 100 евра = 1.000,00 евра
ПВЦ фолија за легла . . . . . . . . . . . 80,00 евра
Даска за леи за легла . . . . . . . . . . . . 100,00 евра
Количка, лопата,вила ,гребло . . . . . . . 50,00 евра
Арско ѓубре 10 тона х 18 евра = . . . . 180,00 евра
Вкупно трошоци на крај од првата година 1.410,00 евра
На крај од првата година имаме стабилизирани мин. 30 легла
Добивка од продажба на биохумус на крај од првата година.
6 тона х 250 евра = 1.500,00 евра
На крај од првата година имаме добивка од 90,00 евра
Ако идниот одгледувач располага со свое арско ѓубре добивката се зголемува за 180,00 евра и на крај од првата година имаме добивка од 270,00 евра.
Инвестиции во втората година:
Набавка арско ѓубре 40 тона х 18 евра = 720,00 евра
ПВЦ фолија за легла 100,00 евра
Даска за легла 200,00 евра
2. Други трошкови: вода, струја,пп вреќи и др. 200,00 евра
Вкупно трошоци во втората година 1.220,00 евра
Добивка од продажба биохумус на крај од втората година
20 тона х 250 евра = 5.000,00 евра
На крај од втората година имаме добивка 3.780,00 евра
Ако идниот одгледувач располага со свое арско ѓубре добивката му се зголемува за уште 720,00 евра и изнесува 4.500,00 евра
Инвестиција во третата и наредните години :
1. ПВЦ фолија за легла 100,00 евра
2. Даска за легла 100,00 евра
3. Други трошоци: вода струја пп вреќи и др 400,00 евра
Набавка арско ѓубре 100 т. X 18 евра = 1.800,00 евра
Вкупно трошоци на крај од третата година 2.400,00 евра
Добивка од продажба биохумус во третата и наредните години.
60 тона х 250 евра = . . . . . . . . . 15.000,00 евра
Добивка на крај од третата год. 12.600,00 евра
Овде не е пресметана добивката од продажба на легла.
Ако идниот одгледувач располага со свое арско ѓубре добивката му се зголемува за уште 1.800,00 евра и изнесува 14.400,00 еврагодишно
ОБУКА И ЕДУКАЦИЈА
Не е потребна некоја специјална обука. Моја препорака најпрвo да се посети фарма на калифорниски црви, за да се види на лице место, а потоа да се прочита литература бидејки при читањето на идниот одгледувач ке му биде многу појасно. Во книжарата ‘‘Табернакул‘‘може да се купи книга за одгледување црви напишана од Др. Проф. Југослав Зиберовски голем познавач на калифорниските црви. Ако во текот на одгледувањето има било какви проблеми можат да се јават на телефон и проблемот брзо ке се реши. Ако е потребно постои можност и да ја посетиме новата фарма.
ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА
Во стариот закон за ѓубрива ѓубривото од калифорниски црви не беше опфатено. Во новиот закон кој се чека да профункционира и ке може да се регистрира како органско ѓубриво. За одгледување црви треба да сте регистриран како земјоделец или да имате регистрирано трговско друштво. Најпрво треба да се направи хемиска анализа на ѓубривото на Факултет за земјоделски науки и храна,- Катедра по агрохемија, а потоа да се поднесе молба за регистрација на ѓубривото во министерство за земјоделие.
РИЗИЦИ И МОЖНИ ПРОБЛЕМИ
Црвите се отпорни на болести. Нивен најголем непријател е кртот кој за неколку дена може да уништи едно легло. Помали штети можат да направат птици и коњштип ако го оставиме да се намножи во леглата.
Нередовно влажење и нередовно хранење може да ги натера црвите да побегнат од леглото.
За повеке информации и набавка на калифорниски црви пишете кај Владимир Михајловиќ vladymirmihajlovic@gmail.com
Владимир Михајловиќ за Современо Земјоделство