Агро-метео: Обилни врнежи од дожд

Вести

Под влијание на влажен воздушен бран во земјата до петок ќе се задржи променливо време.

Денеска ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, до 20 литри на метар квадратен, проследени со грмежи и засилен ветер и ретка појава на град. Максималната дневна температура ќе достигне до 22 степени Целзиуови, информира УХМР.

Стабилизација на времето се очекува во текот на утрешниот ден. Ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, на места со услови за слаб локален дожд, претежно во источните делови.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *