Агро Метео: Облачно со повремени врнежи од дожд и снег

Вести

Преку ноќта беше облачно со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дуваше умерен ветер претежно од јужен правец. Изутринава врнежи нема и дува слаб ветер од променлив првец.

Во текот на денот ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и снег на пониските места, а снег на повисоките места и на планините. Попладне облачноста делумно ќе се намали и врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од Скопската котлина од снег. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Утре нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов студен и влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови, а заради заладувањето и во некои пониски места ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20см. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и суво, а во недела ќе има и услови за магла по котлините.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *