Агро – Метео за ноември

Вести

Временските услови во почетокот на ноември ќе бидат изненадување за граѓаните.

Ќе имаме време кое не е вообичаено за овој период од годината.

Како шо најавија од УХМР, ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.

Се очекуваат температури во интервал од 22 до 28 степени, а во централните и во југоисточните делови на Македонија, тие ќе се искачат до 30 степени.

Атмосферата ќе биде исполнета со прашина и со песок од Сахара, и токму ова ќе услови и невообичаено високи температури на воздухот. Со ваква прогноза излезе метеорологот Славчо Попоски.

Денеска во западните и северните делови на земјава ќе има услови за повремен локален дожд. Локален дожд  повторно се очекува утре.

Брзината на ветерот од јужен  правец ќе се засилува се очекува да достигнува до околу 60 километри на час.

Во текот на следната недела дневните температури ќе се движат од 18 до 27 степени.

Повремено зголемување на облачноста со појава на краткотраен локален дожд ќе има и од понеделник.

Од сабота повторно се очекува воздушното струење да биде од северен правец и температурата да опаѓа.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *