Агро Метео: Следуваат нови врнежи од снег, температурите до -18 степени

Вести

На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Укината е забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар, информира ЈП Македонија Пат. Забраната е укината во 7:30 часот.

Tемпературата денес ќе се спушти до -18 степени во Битола и Маврово, а во Берово до -17.

На планините е формирана снежна покривка која е највисока во Маврово 66 сантиметри и во Крушево 27 см.

Под влијание на влажен и студен бран, и утре и задутре претпладне ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Потоа следува период на стабилно и суво време повторно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *