Агро-метео: Сув снег и многу студено време

Вести

Утре врнежите од западните и од северозападните предели ќе се прошират речиси насекаде и поинтензивни ќе бидат на запад (локално над 20 л/м2 воден талог). На планините врнежите ќе бидат од снег а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од западен, додека попладне и навечер особено Долж Повардарието ќе дува силен северен и северозападен ветер (над 80 к км/час). Истиот ќе услови нагло и ГОЛЕМО заладување на времето и пад на температурите за повеќе од 10 степени.

Во текот на утрешната вечер и ноќ локално ќе има услови за провејување на слаб снег, додека од петок, па за време на викендот како и во текот на следната недела ќе биде  МНОГУ СТУДЕНО со температури кои насекаде ќе бидат постојано под нулата. Наутро истите понакеде ќе се спуштаат и до околу -15 степени, додека во текот на следната недела и под -15 степени.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -7 до 2 степени во најтоплите предели.

За време на викендот ќе има врнежи од снег насекаде а ќе се формира и снежна покривка, поголема во западните и јужните предели. На планините истата ќе се зголемува. Поради многу студеното време, снегот кој што се очекува ќе биде сув и лесен.

НАПОМЕНА: Поради наглата и голема промена на времето која ни следува кај метеопатите можни се и позначителни здравствени проблеми.

 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *