АХВ: Да се почитуваат препораките-корона вирусот се пренесува и од животните

Вести

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) упатува апел за максимално почитување на препораките од Светската здравствена организација – СЗО со цел, спречување на појава и ширење на Корона вирусот и во нашата земја.

„Бидејќи станува збор за зооноза, болест која може да се пренесе и преку контакт со животни и производи од животинско потекло, АХВ во координација со Ветеринарната комора на Република Северна Македонија, ги информира и упати апел до ветеринарните друштва за максимално почитување и информирање и на граѓаните за препораките за заштита од можна појава и пренесување на Корона вирусот и преку животните и храната од животинско потекло“, се вели во соопштението од АХВ.

СЗО апелира да се избегнува незаштитен контакт со домашни или диви животни, храната од животинско потекло темелно термички да се обработи при подготовката,  да се користат различни садови и ножеви при подготовка и сечкање на сирова и зготвена храна, рацете да се мијат после секој контакт со различните видови храна ( сирова или зготвена). При работа со животни да се носат заштитни ракавици и маски, а работната облека секојдневно да се менува и да се пере.

Задолжително да се мијат рацете при контакт со животни и храна од животинско потекло, а треба и да се избегнува контакт со болни животни, расипано месо, отпадоци и отпадни материи.

Личната хигиена и миењето на рацете, избегнувањето на контакт со лица кои имаат симптоми на настинка или  вирус исто така се дел од примарните препораки на СЗО за спречување на појава и ширење на Kорона вирусот.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *