Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна АЛМА М Дооел, од пазарот врши отповикување на сладоледи БАУНТИ ЕКСТРА стапче 1х24 (51.6 гр), поради утврдено присуство на етилен оксид.
Операторот со храна ,,АЛМА М Дооел,, врши отповикување на следниот производ:
Назив на производот: сладоледи БАУНТИ ЕКСТРА стапче 1х24 (51.6 гр)
ериски број/лот- 109F2DOE02, 113A1DOE01, 113A2DOE01 и 113A3DOE01
Рок на употреба: 28.02.2023 година
Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Производител: MARS WIRGLEY
Увозник во РСМ: АЛМА М Дооел
Дистрибутер во РСМ: АЛМА М Дооел
Оператор со храна АЛМА М Дооел
Исто така, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна ТДПТГМ РУДИНЕ ММ ДОО Скопје, од пазарот врши отповикување на АЛПРО БИО КОКОСОВ НАПИТОК од 1L, поради утврдено присуство на етилен оксид.
Операторот со храна ,,ТДПТГМ РУДИНЕ ММ ДОО Скопје, врши отповикување на следниот производ:
Назив на производот: Alpro coconut Bio 1L.
Сериски број/лот – 03.01.2022
Датум на производство и рок на употреба – 03.01.2022

Причина за отповикување:- небезбеден производ поради наод на присуство на етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Производител: Данон Сердика АД Бугарија
Увозник во РСМ: ТДПТГМ РУДИНЕ ММ ДОО Скопје
Дистрибутер во РСМ: ТДПТГМ РУДИНЕ ММ ДОО Скопје
Оператор со храна ТДПТГМ РУДИНЕ ММ ДОО Скопје