АХВ потпиша договор за научно техничка соработка со италијанското министерство за здравство

Yabancı dizi izle

За воспоставување основа за научна соработка и за техничка и административна поддршка во областа на безбедностa на храната и ветеринарното јавно здравство и за зајакнување на контролата на заразните болести на животните, зоонозите и алиментарните интоксикации во Република Македонија и Република Италија, вчера во Рим, Република Италија, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов, со генералниот директор на Директоратот за здравствена заштита на животните и ветеринарно медициснките препарати при Министерството за здравство на Република Италија, г-дин Силвио Борело и г-ѓа Гаетана Фери, директор на Генералниот директорат за хигиена, безбедност на храна и исхрана при Министерство за здравство на Република Италија го потпишаа Договорот за научна и техничка соработка од областа на ветеринарното јавно здравство, здравствената заштита на животните и ветеринарно медицинските препарати.

Со потпишувањето на овој Договор ќе се зајакне долгогодишната успешна соработка меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија и Министерството за здравство на Република Италија.

Во исто време договорот ќе обезбеди административна и техничка поддршка на АХВ во процесот на унапредување на веќе воспоставените системи за контрола од областа на здравствената заштита на животните и безбедноста на храната, продлабочување и допрецизирање на соработката меѓу двете земји, со што ќе се придонесе за унапредување на научната и експертската соработка во областа на здравствената заштита на животните и безбедноста на храната.

Со потпишувањето на договорот ќе се продлабочи и соработката на научните институции со цел спроведување студии и истражувања во насока на зајакнување на системите за контрола на болестите кај животните и безбедноста на храната, соработка помеѓу аналитичките и дијагностичките лаборатории, како и развој на иницијативи и проекти за соработка со вклучување на приватниот сектор, ветеринарните комори и стопанските комори на двете земји итн.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *