АХВ: Препораки за купување на храна во време на пандемија од Корона вирус

Вести

Пазарете во најблиските продавници, бидејќи со тоа го ограничувате и скратувате времето на движење надвор од домот.
Задржете се што пократко во продавницата, со тоа што ќе направете список дома за вашите потребни намирници и така ќе го скратите времето на престој во продавниците за храна.


Доколку е возможно обезбедете маска и ракавици и користете ги за време на пазарењето.
Кога избирате храна во вакви услови, најдобро е да изберете прехранбени производи кои вообичаено ги купувате, така што не морате детално и целосно да ги читате иформациите од етикетите, бидејќи тие етикиети од претходно ви се познати.

Задолжително направете визуелен преглед на амбалажата или производот, односно проверете дали амбалажата е оштетена и проверете ги органолептичките својства.

Задолжително проверете го датумот на производсво, односно рокот на траење.
По завршување на пазарењето и излегувањето од продавница, дезинфицирајте ги рацете со препорачано средство за дезинфекција.

Користените ракавици за еднократна употреба по напуштањето на продавницата фрлете ги во канта за отпадоци.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *