АХВ со активности за категоризација на одгледувалиштата на свињи кои имаат минимум една единка

Вести Сточарство

Во завршна фаза на реализација се активностите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за категоризација на одгледувалиштата на свињи кои имаат минимум една единка, со цел утврдување на степенот на ризик.

Од 25 мај до 10 јули, од страна на ветеринарните друштва кои имаат склучено договори со Агенцијата за храна и ветеринарство за извршување на активности од јавен интерес, спроведени се ветеринарни посети и извршени клинички прегледи на 96,1 процент, односно на 2 778 од евидентираните 2 888 одгледувалишта.

Од нив, 319 одгледувалишта категоризирани се како одгледувалишта со низок ризик, 2 141 со среден, а 318 одгледувалишта, евидентирани се како фарми со висок ризик.
Евалуација (проценка на извршената категоризација спроведена од страна на ветеринарните друштва) ќе се спроведе од страна на официјални ветеринари и стручни лица од АХВ.

Дополнително, од страна на официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство, во тек е спроведување на контроли на одгледувалиштата каде по спроведениот попис во февруари годинава, кај 850 одгледувалишта е утврдено дека нема свињи. Контроли се спроведуваат и кај малите фарми, кај кои оваа година, за прв пат се спроведени клинички прегледи од страна на ветеринарните друштва.

Врз основа на спроведениот попис на одгледувалишта на свињи со вкупно 133 397 единки, утврдено е дека најголемиот број од свињите, односно околу 70 проценти од популацијата, или 92 934 единки се одгледуваат во 16 големи свињарски фарми, со над 1 000 единки. Во 69 фарми (од 101 до 1 000 единки) се одгледуваат 20 976 свињи, во 464 фарми кои имаат од 11 до 100 единки, евидентирани се вкупно 12 361 свињи, а во 2 339 фарми со 1 до 10 единки, евидентирано е дека се одгледуваат 7 126 свињи.

Со почит,
Агенција за храна и ветеринарство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *