Monday, January 25, 2021

АХВ со комплетна евиденција врз маркиците на брашното

Вести

Евиденцијата на маркиците што се издаваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за евидентирање на брашното пред пуштање во промет продолжува со целосна контрола од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, како на увозното, така и на домашното брашно, соопшти овој ресор.

Паралелно, Агенцијата за храна и ветеринарство преку инспекторските служби на граничните премини, континурано го следи увозот на производи и врши редовна контрола, со цел да се обезбедат безбедни увозни производи на македонскиот пазар.

Од Министерството за земјоделство соопштуваат дека во претстојниот период продолжуваат преговорите со Република Србија во насока на изнаоѓање решение од заеднички интерес во делот на контролните маркици.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *