Арјанит Хоџа оствари работна средба со амбасадорот на Чешка

Вести

Денеска, во просториите на МЗШВ, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа оствари работна средба со амбасадорот на Чешка во РСМ, неговата екселенција Мирослав Томан.

На оваа средба се разговараше за соработката на двете пријателски земји во земјоделскиот сектор како еден од најважните сектори во областа на економскиот развој.

Чешкиот амбасадор најави посета на министерот за земјоделство на Чешка, во септември кој заедно со бизнис делегација ќе оствари средби со наши претсавници од бизнис секторот, со цел продлабочување на соработката и изнаоѓање на нови можности во трговската размена.

Амбасадорот Томан вети дека Чешка, како земја-членка на ЕУ, и во иднина ќе ја развива соработката во областа на земјоделството со нашата држава. Министерот, Хоџа му се заблагодари на амбасадорот, Томан за понудената соработка и за поддршката што Чешка ни ја дава на нашиот пат кон членството во Европската унија

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *