Бабовски дел од првиот состанок на Регионалниот форум на шефовите на ветеринарните служби

Вести

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски учествува на првиот состанок на Регионалниот форум на шефовите на ветеринарните служби од Западен Балкан, што се одржува во Сараево.

Форумот има за цел да иницира понатамошни средби и функционалност на Регионалниот форум на шефовите на ветеринарните служби од Западен Балкан, како и понатамошна комуникација и соработка во насока на преземање на координирани активности за искоренување на болести кај животните во регионот.

– На форумот ќе бидат разменети и искуства од надлежните ветеринарни служби, особено во делот на креирање на стратегии и преземање на мерки за регионална контрола на класична и африканска свинска чума, развивање на национални и регионални планови за итни мерки за здравствена заштита кај животните, вели Бабовски.

Тој додаде дека ќе биде презентирана и епидемиолошката состојба за некои од болестите кај животните во Западен Балкан, ќе се идентификуваат регионалните приоритети и ќе се дефинира работен план од областа на ветеринарството за идниот период.

На вториот Регионален форум на шефовите на ветеринарните служби од Западен Балкан, што според планираното треба да се одржи во втората половина на март 2022 година домаќин и претседавач ќе биде Република Северна Македонија.

Форумот се организира во рамки на проектот „Регионални активности за искоренување на болести во земјите од Западен Балкан”, финансиран од Европската унија. Покрај шефовите на ветеринарните служби од Западен Балкан, учествуваат и високи претставници од Директоратите за здравствена заштита на животните и за здравје и безбедност на храна од ЕУ и од ветеринарните власти од Албанија, домаќинот Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *