Бабовски објасни како тутунопроизводители ќе ги подигнуваат парите од сметките

Вести

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, министерката за финансии, Нина Ангеловска и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никочле Бабовски денеска оддржаа прес конференција на која најавија исплата на субвенциите за тутунопроизводителите.

Исплатени се близу 30 милиони евра на 19 050 тутунопроизводители, а подигнувањето на парите ќе се одвива според одредена динамика.

Изјава на директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски:

Сите корисници на финансиска поддршка за тутунот кои немаат платежни картички а презимињата им почнуваат со буквите : А, Б, В, Г и Д, средствата од шалтер во банката ќе може да ги подигнат во вторник 21-ви април.

На 22-ри април ( среда), се исплаќаат субвенциите за тутун за апликавнтите на кои презимињата им почнуваат со буквите : Ѓ, Е,Ж,З,Ѕ, И, Ј, и К. На 23 -ти април, (четврток), се исплаќаат субвенциите за тутун за апликантите на кои презимињата им почнуваат со буквите: Л, Љ,М, Н, Њ, О, П, и Р.

Во петок се исплаќаат сите корисници на кои презимињата им почнуваат со буквите: С,Т,Ќ У, Ф, Х,Ч,Џ и Ш. “– рече директорот на АФПЗРР, Бабоски.

Понеделник може сите кои имаат платежни картички од банкомат да подигнат готовина но, колку што имаат лимит дневен на картичката. И тоа од 16 до 23 часот со контрола од МВР.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *