Бачовски: Исплатени субвенциите за лозарите

Вести

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 14.113 лица кои одгледуваат лозови насади исплати вкупно 550.741.044 денари.

Станува збор за исплата на мерките: „директни плаќања за оддржување на лозови насади“ како и „директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања во последните три години“.  Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, информира дека субвенциите за лозарите се веќе на нивните сметки.

„Парите за лозарите ги исплаќаме пред празникот „Свети Трифун“ кога и официјално почнуваат активностите околку производство на нова реколта на домашно грозје и вино. Наше е да обезбедиме поволни услови и средства кои ќе помогнат во намалување на производните трошоци. На  лозарите останува да дадат се од себе да произведат квалитетно грозје од кое ќе може да се произведе и добро вино. “ – информира директорот Бачовски.

Преку креирање на мерки, програми Агенцијата, Владата и МЗШВ ќе продолжат да создаваат  поволни услови за развој на агро – секторот.

Сите кои се стекнале со право за користење на финансиска поддршка, во еден ден и без никаква селекција ги добиваат средствата кои им следуваат. Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенцииите продолжува. Земјоделските субвенции ќе се исплаќаат во период кога средствата им се најпотребни на земјоделците, односно пред почеток на новата реколата.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *