Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, на својот фејсбук-профил информираше дека е објавен повикот за финансирање на набавка на педигрирани чистокрвни или хибриди свињи.
„Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави повикот за финансирање на набавка на педигрирани чистокрвни или хибриди свињи (нерези и назимки).
Сите потенцијални корисници кои извршиле набавка во периодот од 01.10.2021 – 31.12.2021 ќе може да аплицираат на повикот кој трае до 15.4.2022.
Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на реализирани и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% – до 70% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци“, стои во објавата на Бачовски.