Бачовски: Почетокот на март го одбележуваме со исплата на субвенциите за полјоделски култури

Вести

Во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој деновиве интензивно се работи на подготовка и исплатата на земјоделските субвенции за 2020 година.

Земјоделците ја очекуваат државната поддршка, а крајниот законски рок за исплата на сите субвенции е 30 јуни.

– Започнавме со субвенциите на лозарите, а пред два дена исплативме и 238,6 милиони денари субвенции за повеќе мерки. Станува збор за исплати за повеќе мерки и тоа: за вршење на земјоделска дејност во подрачја со  ограничени можности,или попознато како ПОМ,  за органско производство, за производство на основен, производство на саден и за производство на сертифициран семенски материјал по програмата за финансиска поддршка во земјоделството  2019. Исто така исплатени се и субвенциите за осигурување на посевите од непогоди по програма 2020 година. Почетокот на март го одбележуваме со исплата на субвенциите за полјоделски култури – изјави директорот на агенцијата, Никица Бачовски и најави потпишување на договори од Мерка 1 од ИПАРД програмата.

-Во понеделник сме во посета на Ресен каде ќе потпишеме 7 договори за Мерка 1 од ИПАРД програмата за инвестиции во земјоделска механизација во пресрет на новата сезона – изјави Бачовски.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *